Месец август на пејачката Малина и предложи доста прекрасни и незаборавни моменти.
Покрај нејзините настапи низ цела соседна Бугарија, со појавата на нејзиниот најнов проект “Давай, питай”, успеа да пожнее голем успех и да надмини еден милион прегледи во Youtube, со што се нареди до топ хитовите за лето 2016.
“Повеќе од 1 000 000 прегледи на “Давай, питай” во YouTube. Среќна сум што песната и спотот ви се допаѓаат, продолжете да се забавувате со “Давай, питай” и очекувајте уште изненадувања од мене! Ве сакам! “ – сподели Малина.
Парчето е по музика на нашиот композитор Оцко, додека пак за неверојатниот текст се погрижи Анастасија Мавродиева. Екипата повторно представи интересно сценарио, кое е дело на режисерот Георги Манев, а специјално учество во песната има и нејзиниот колега Константин.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ