Погледнете го новиот хит на Джена – „Зависима“

После хитовите „Всичко знаеш“ и “Дразни ме пак“, ѕвездата на Планета Тв Джена во првиот академски ден ги израдува обожователите со најновото видео кое е кон песната „Зависима“, откако денес нејзината колешка Преслава го откри насловот на најновиот проект држејќи в раце лист хартија на кое пишуваше „Зависима“.

Песната само со премиерата успеа да го привлече вниманието на публиката, бидејќи брзата мелодија и силниот текст се тајната формула за успех на пејачката низ сите нејзините години на музичката сцена.
Текстот на „Зависима“ е соработка  помеѓу Джена и Мариета Ангелова, додека автор на парчето е самата пејачка, а за аранжманот се погрижи Сашо Сашов. Спотот е снимен од страна на режисерот Ивајло Спасов, со кој Джена работи во последно време. Парчето се врти веќе по Планета Тв и Планета HD, а своја премиера ќе има и пред публиката во Софија каде што пејачката има свој настап оваа вечер.
Автор – Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *