Галена пред неколку дена се врати на одмор од Турција, каде што го посети магичното место Тhe Land of Legends, кое плени со својата убавина и мистериозност и само за миг ќе се почуствувате како во светот на бајките.
Имено, познатата пејачка сподели неколку слики од патувањето до Турција во нејзините профили во Instagram и Facebook, со кои како и секогаш успеа да предизвика воодушевање кај нејзините обожователи, демонстрирајќи одлична фигура, за која доби многу коментари и суперлативи.
Истовремено, после враќањето во Бугарија, Галена ја лансираше и својата нова модна линија во соработка со модната куќа Beyond, дело на нашиот дизнајер Борче Ристовски кој долги години живее и работи во соседна Бугарија.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв