Амел Чуриќ, победникот во втората сезона на најпопуларното музичко натпреварување на Балканот „Х-фактор Адриа“ и познатата поп-ѕвезда Емина Јаховиќ-Сандал, член на жири-комисијата во првата сезона на ова престижно натпреварување, го објавија пред два дена нивниот прв заеднички хит-сингл со наслов „Kost“.
Парчето е дело на Марко Џурашевиќ-Махони, како и на Милош Рогановиќ. Видеото кое е снимано во Загреб, е дело на познатиот загребски режисер Дарио Радушин. Песната се радува огромен интерес и за овие два дена има над 2.000 000 прегледи во YouTube, а пејачката е повеќе од задоволна на реакцијата на обожавателите:
– “Енергијата помеѓу Амел и мене на снимањето на спотот беше фантастична и сѐ завршивме брзо и лесно. Сигурна сум дека на публиката ќе ѝ се допадне песната „Кост“, како што ми се допадна и мене кога првпат ја слушнав. Верувам дека долго ќе се слуша.” – изјави Емина.
Потврда за нејзините зборови се и позитивните коментари кои веќе може да бидат откриени во виртуелното пространство, па погледнете го спотот:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Емина Јаховиќ – Сандал