Гергана се врати ударно на музичката сцена со песната „Само за теб“. Русокосата пејачка, која долго време беше отсутна од музичката сцена и целосно посветена на своето образование, оваа година одлучи да се врати на сцената.
Најпрвин во текот на месец мај се вклучи во песната „Ако нямам теб“ на нејзиниот колега Лазар, а пред неколку дена го претстави и својот долгоочекуван самостоен проект.
Песната „Само за теб“ е дело на нејзините колеги и пријатели Николај Николов Ni.co и Павел Долгериски, кои кон крајот на јуни претрпеа тешка сообраќајка, која беше фатална за Ni.co, а Павел сеуште продолжува да се бори за својот живот. Видеоспотот кој го режисираше Јордан Петков, е сниман во Софија.
„Благодарна сум на судбината што пред две години ме сретна со овие талентирани музичари и пред се вистинки луѓе. За мене е чест што ги познавам. Верувам дека низ песната „Само за теб“ нивното искуство продолжува да живее. Многу ми недостасуваат“ – сподели Гергана пред телевизија Планета.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ