Нашата позната музичка попфолк ѕвезда Татијана Стефановска ги израдува своите обожователи со видеоспот кон преубавата балада „Си одам“, која беше вклучена во последниот и музички албум „Дарој свадбарски“ кој излезе во фебруари мината година и веднаш ги освои симпатиите на публиката.
“Си одам“ е по музика и аранжман на Дејан Момироски, а текстот е напишан од Борче Нечовски. Видеото кое е дело на продукцијата ИН ТВ, овој пат се снимаше на повеќе локации низ Битола и е во храмонија со сезоната – во него ќе уживате во прекрасни кадри од снег, снимени во Националниот парк Пелистер, но и во одличниот изглед на пејачката, која и покрај многубројните обврски, најави и две пократки турнеи надвор од нашата земја.
Во прилог, погледнете го видеото:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Татијана Стефановска