Премиера за “Късно си се сетил” на Тања Боева!

Долгоочекуваниот музички проект  на пејачката Тања Боева вчера ја направи својата официјална премиера во нејзиниот официјален музички канал во YouTube, како и по Планета Тв и Планета HD. Песната Късно си се сетил” ја доживеа премиера на 11.11., со што таа ја  израдува публиката со нешто ново и квалитетно во својот  репертоар.

Парчето е по музика на композиторот Даниел Ганев, додека пак текстот е на Петја Радева. Спотот е дело на режисерот Људомир Иларинов – Љуси, додека пак оператор е Георги Марков. Спотот се  фокусира на имиджови кадри во кои изведувачката демонстрира неколку оригинални и различни визии. За нив Тања Боева  се довери на својот моден талент, поддржан од идеите на Радина Николаева Енчева. Шминката е на Никола Иванов, а косата – на Емилио Стефано

Премиерно погледнете го спотот: 
Автор – Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *