Емануела ја претстави својата најнова песна „Виновна“. Овој пат сексапилната бугарска ѕвезда на телевизија Планета заложи на самостојна песна, откако оваа година ја пушти песната „Незаменима“ ft Марија Цветкова и дуетот со колегата Галин – „5,6,7,8“, а со тоа ја затврди својата позиција на топ ѕвезда.
Песната е по музика и аранжимент на Даниел Ганев, а стиховите се дело на Анастасија Мавродиева. За видеото пејачката се довери на режисерот Александар Моллов, а со тоа Емануела повторно успеа да предизвика лавина од коментари низ социјалните мрежи. Типично во свој музички стил, таа остана верна на својот стил и ги израдува фановите со нешто оригинално и различно од се што до овој момент има претставено. Видеото за само 22 часа регистрира повеќе од 150.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Кристијан Димитров