(Фото) Преслава сними ново видео

Преслава утре на концертот по повод 13 –от роденден на телевизија Планета можеби ќе ја претстави својата најнова песна. 


Таа е по музика и аранжман на Велислав Драганински, додека пак текстот е дело на Мариета Ангелова. Пејачката сними и видеоспот на нејзиниот нов сингл кој ќе биде претставен наскоро со реисерот Љуси, а ексклузивно покажа кадар од него.


На сликата може да се забележи дека Преслава овој пат е доста различна од претходните проекти кои ги претстави оваа година. Таа за својот стајлинг се довери на Стојан Апостолов, а дали ќе успее пак да го привлече вниманието со новата песна останува да чекаме до нејзината премиера.

Автор: Наташа Секуловска

Фото: Георги Малев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *