Нашата најпозната пејачка Џесика Палашоска, како што најави после враќањето од турнејата во Австралија, сними видеоспот за песната „Една е Македонија“.
Парчето е дел од нејзиниот нов музички албум, кој содржи 12 песни и претствува mix од сите нејзини најдобри песни што досега ги има издадено. Автор на композицијата која не остави рамнодушен ниту еден Македонец е Дејан Момироски, додека пак текстот е дело на Борче Нечоски. Видеотспотот е сниман од страна на INTV, на повеќе локации низ Македонија, како и во манастирите Св.Јован Бигорски и Св. Ѓеорги Победоносец “Рајчица”.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Ване Петкоски