Константин жнее успеси со баладата “Аз бях тук”!

Бугарскиот пејач Константин со својата најнова балада “Аз бях тук”, во која учество зема и неговата колешка ДесиСлава, успеа да предизвика голем интерес кај фановите, со што за само една седмица видеото регистрира повеќе од 1.500.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.

Автор на музиката е Diamond Beat Production, а текстот е на Анастасија Мавродиева. Видеоспотот кој носи силна порака, а тоа е да не се управува со автомобил додека некој е под дејство на алкохол, е дело на познатиот режисер Александар Моллов.
Автор – Наташа Секуловска 
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *