Емануела одлучи овој пат своите обожователи да ги изненади со нова балада.
Песната „Пожелавам ти“ е дело на Даниел Ганев ( музика и аранжман), додека пак силниот текст е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Росен Димитров.
Видеоспотот кој наликува на бајка е снимен во замокот Равадиново во близина на Созопол, а режисерот Александар Молов успеа да ја долови суштината на песната со прекрасните кадри коишто го отсликуваат блесокот и сјајот на овој познат замок во соседна Бугарија.
Во прилог погледнете ја песната „Пожелавам ти“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ