Станува збор за песната „Македонијо не те даваме“ која е во соработка со ИН ТВ, а како автор на музичкото парче се потпишува композиторот Гоце Костоски – Пејак и се надева дека ќе го најде својот пат до публиката.
„Песната е посветена за сите Македонци во нашата држава, но и за оние кои се наоѓаат далеку од својата татковина. Се одлучив на ваков смел чекор бидејќи кога правам нова песна, одам кон тоа да внесам „живост“ на македонската сцена. Планирам да и снимам наскоро и спот, кој најдобро ќе ја долови нејзината суштина.“ – сподели Сања за нас.