На бугарскиот музички пазар се појави првиот долгоoчекуван народен албум на пејачката Јаница – „Мома Яница”, кој е подарок за нејзините обожователи.
Албумот содржи 13 песни, од кои 6 се народни, а 7 се авторски песни на истакнати имиња во овој жанр, како што се Красимир Христов, Димитар Милев и Сашко Велков.
Песната „Мома Яница” која го носи насловот на народниот албум, се радува на огромна популарност во музичкиот сајт за споделување-YouTube со над 4 милиони прегледи до овој момент.
Јаница одлучи народните песни “Голяма се сватба вдигнала”, “Руска мама дума”, “Бяла Яна”, “Мъри моме, хубава” да ги претстави на публиката собрани во народни китки, а “Мъка ми, мале” во дует со нејизниот колега Николај Скерлев.
Но, изненадувањата од нејзина страна не престануват тука. Таа исто така го претстави и својот трет музички попфолк албум, кој го носи насловот – “Изкушение”, именуван по нејзиниот голем хит од претходната година.
Овој албум во себе вклучува 15 песни, кои се создадени од страна на талентираната пејачка низ последниве неколку години, а во него ќе ги откриете и нејзините дуети со Галин, константин, Анелија и Кристиана.
Имено, низ последниве неколку години Јаница стана синоним за талент, сексапил, убавина и се разбира за голем успех. Попфолк дивата постигна се што посакуваше, па сега може бескрајно да ужива во плодовите од својот труд.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ