Цветелина Јанева после хитовите „Честито“ и „Маракеш“, одлучи да ја изненади публиката со нов дует.
Песната „Грешка беше“ е во дует со новото пополнување во редиците на музичката компанија Пајнер во соседна Бугарија – Денис Теофиков. Младиот талент е познат по учеството во неколку музички натпревари, но и по големиот талент кој го поседува. Тој е од Софија и е на 18 години, а од пред неколку месеци е дел од големото музичко семејство на оваа компанија.
Музиката и аранжманот на песната се дело на Diamond Beat Production, додека пак за текстот се погрижија Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на мини- филмот е Николај Нанков, а оператор Георги Марков.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв