(Фото) Румина го крсти својот син Мајкал

На 11 јули бугарската ѕвезда на „Ara Music“ – Румина го крсти својот син Мајкал точно на неговиот петти роденден.

“Одамна сакав да го крстам  Мајки на неговиот роденден, бидејќи крштевањето за мене е еден вид раѓање повторно во Христијанската вера. Почекавме малку да порасне  за да разбира што точно се случува и да има сепак спомени од овој свет момент. “– сподели Руми ексклузивно за нас.

Ритуалот беше извршен во црквата „Св. Иван Рилски“ во Пловдив,од каде што  е потеклото на пејачката. На крштевката присуствуваа само  најблиските пријатели и роднини на семејството, со што екслузивно ви претставуваме и слики од настанот како и од прославата од роденденот.

Потсетуваме дека Румина се врати на сцената со песната „Не си за мен“ која предизвика голем интерес кај публиката и регистрира над 300.000 прегледи во официјалниот канла на телевизија  Фен Тв во YouTube,само за неколку дена по неговата премиера.

Автор – Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *