Големата бугарска пејачка Глорија или како што многумина ја нарекуваат Дивата на попфолкот, покрај подготовката на новиот музички албум кој се очекува да излезе наскоро ги изненади обожователите и со нова балада “Любовта настоява”.
“Секогаш си замислував дека таа песна треба да ја снимам во Париз. Ја измислив мелодијата буквално за неколку минути, а на Калин Димитров многу му се допадна и направи еден преубав аранжман. Лудо сум вљубена во текстот, кој го создадовме заедно со Мариета Ангелова. Едноставно љубовта инсистира и победува секогаш“ – сподели Глорија пред телевизија Планета.
Видеоспотот е снимен во Париз – Градот на љубовта, а снимањето се одвиваше кон крајот на месец септември. Режисер на видеото е Ивајло Спасов, со оператори Радослав Георгиев и д-р Хари Јанакиев.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв