“Не слагай от отровата“ е насловот на новиот дует на Джена и Андреас

Джена и Андреас после седум години од премиерата на нивниот прв дует “Да те прежаля“, одлучија да ги израдуваат нивните обожователи со нов дует.

“Не слагай от отровата“ е насловот на најновото музичко пополнување во музичките репертоари на двата познати изведувачи,  кое само за неколку дена се радува на огромна популарност на YouTube со над 600.000 прегледи.
Джена е имено позната и како изведувачка која секогаш држи да и претставува на публиката квалитетна самостојна продукција, па и овој пат не изневери на својот стил. Песната е соработка помеѓу самата изведувачка со нашиот композитор Орданчо Василковски – Оцко и поетесата Анастасија Мавродиева.
Видеото го изработи режисерот Георги Марков, кое беше реализирано во позната Ботаничка градина во Софија, во која пред осум години беше снимен и дел од видеото на позната баладата на пејачка „Всичко давам да си тук“.


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *