Бугарската пејачка Марија, после песната „Да ме гали“ со која ги освои срцата на публиката, одлучи да ги изненади своите обожователи со балада која носи наслов „Престъпно твоя“.
Песната е по музика на грчкиот композитор Фоебус (Phoebus) , со аранжман на Калин Димитров, додека пак емотивниот текст го напиша Анастасија Мавродиева. Видеото кое е снимено во Монако во Hotel Hermitage и ги истакнува убавите на градот, е дело на режисерот Николај Скерлев, а во него сексапилната пејачка блеска во црвен, цветен фустан на дизајнерот Ermanno Scervino от колекцијата пролет – лето 2019.
.
„Нека ова биде мојот подарок за сите Вас оваа сезона“ – напиша Марија во нејзината официјална Facebook страница.
Но, во некои медиуми се рашири веста дека песната е „крадена“ од српската пејачка Милица Павловиќ – „Tako i mi treba“ која е дел од нејзиниот албум „ Zauvek“ кој излезе минатата година. Напоменуваме дека компанијата „Пајнер“ ужива углед повеќе од 29 години на музичкиот пазар и досега не дозволила да издадат песна без уредни авторски права, па затоа и овој пат песната е уредно купена од страна на компанијата „Пајнер“ од грчкиот композитор Фоебус.
Во прилог, погледнете ја песната „Престъпно твоя“:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ