Европскиот град на културата за 2019-та година – Пловдив во Бугарија ќе биде домаќин на големиот концерт на познатата музичка телевизија „Планета“.
18-тиот роденден на најсаканата и најгледаната телевизија ќе се одржи на 3-ти декември во сала „Колодрума“ со почеток во 19:00 часот по бугарско време. Билетите веќе официјално се пуштени во продажба и се достапни во мрежата на eventim.bg.
Со сигурност забавата ќе биди многу „жешка“, ѕвездна и хитова, затоа што на сцената ќе се качат едни од најпознатите бугарски попфолк ѕвезди како Преслава, Ивана, Глорија, Анелија, Емилија, Галин, Цветелина Јанева, Джена и многу други.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ