Сексапилната Емануела, одлучи да ги израдува своите обожователи со нова песна, проследена со одличен видеоспот, која премиера беше повеќе пати одложена поради состојбата со пандемијата со коронавирусот.
„Направо в коша“ е по музика и аранжман на композиторот Дејан Асенов, додека пак стиховите се дело на Петар Петров и Александар Попов. За видеото пејачката се довери на режисерот Добромир Николов, кое е снимено по идеја на Петар Петров и Александар Попов.
Типично за себе си, Емануела остана верна на својот стил и ги израдува фановите со нешто оригинално и различно од се што до овој момент има претставено. Видеото за само неколку дена регистрира рекордни 1.039.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial и до овој момент е најгледано видео за толку краток период.
Во прилог, погледнете го новиот хит:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета Тв