(Видео) Роксана предизвика лавина од позитивни коментари со песната „Спомени“

Роксана

Роксана ги израдува своите обожователи со нова балада „Спомени“, која уште од прво слушање допира во срцето. Нежна, а во исто време толку силна балада. Едноставно текстот е  полн со емоции, а видеото – цела животна приказна во 5 минути.

Песната до овој момент е  со над 300.000 прегледи за само 24 часа во официјалниот канал на телевизија „Планета“, а е авторско дело на самата пејачка, со аранжман на композиторот Мартин Биолчев, додека пак силниот текст е соработка помеѓу Роксана и Мариета Ангелова. Видеото го изработи режисерот Николај Скерлев.
Роксана

“Не на последно место сакам да му благодарам на големиот Атешкан Теофиков за тоа дека неговата гитара и учеството во песната е како магичен прав, кој те потикнува да се вљубиш силно и засекогаш. Тоа е првата моја песна по моја музика и текст од која цела треперам и се расплакав. Што се однесува до учеството на мојот Александар во видеото, ќе бидам кратка и ќе кажам дека никој актер или модел нема толку сериозно да ја одигра улогата како што направи тој. Ви благодарам од срце на сите за убавите оценки.“ – сподели за нас Роксана.
Во прилог, погледнете за што се работи:

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *