Бугарската пејачка Анелија ги изненади пријатно своите обожователи со нова песна.
Имено, баладата “Сърцето ми” е првиот музички предлог од познатата пејачка во Новата година, а вооедно и првиот спот од музичката компанија „Пајнер“ кој направи своја премиера во 2019-та година.
Песната е дело на композиторот Гили Закај, со аранжман на нејзиниот колега Ави Бенеди, додека пак за текстот кој предизвика лавина од позитивни коментари со силната порака која ја испраќа е дело на Петја Радева. Видеоспотот е снимен во Бургас уште минатата година од страна на режисерот Александар Молов, но Анелија како што и самата изјави чекала соодветен момент за да ја престави баладата, а секогаш знаеме дека најдобар период за емоционални песни кои остануваат вечно во времето е зимскиот период.
Во прилог, погледнете го музичкиот предлог “Сърцето ми”:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ