Емилија, која е добро позната на македонската публика со својот „ангелски глас“, откако на 10-ти февруари стана мајка по трет пат и на свет ја донесе својата ќерка Жоржина ги израдува сите љубители на попфолк музиката со третиот дует „Пак ще се броиш“ со најталентираниот изведувач Денис Теофиков, чиј живот згасна на 24-ти октомври минатата година и тоа само на 21 година, а пред неколку дена премиера направи и последниот дует со него кој го носи насловот „Единствено“.
Напоменуваме дека песната повторно е претставена со минифилм и е продолжение на претходните проекти кои му донесоа најголема слава на Денис и тоа песните „Акула“ и „Тръгвай си“ во кој покрај нив, главни улоги имаат и актерите Башар Рахал, Мариан Валев, Михаил Билалов и Кирил Ефремов, кои се погрижија видеото да изгледа како минисерија, во која љубовта има непроценлива вредност пред богатството и славата.
Во прилог погледнете ги сите делови: