Бугарската пејачка Јаница, после дуетот „Главната“ кој го запиша со нејзината колешка Кристиана, покрај многубројните настапи низ Бугарија, успеа да најде време и да ја израдува публиката со нов музички проект.
Песната „Двойно влюбен” вчера беше официјално промовирана по телевизија Планета и во официјалниот канал на телевизијата во YouTube – PlanetaOfficial. Музиката и аранжаманот на динамичното музичко парче, кое веќе полека го открива патот до својата публика, е на композиторото Даниел Ганев, додека пак текстот е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Росен Димиторов. Видеото кое и овој пат е нешто поразлично од се што досега сме имале можност да видиме од сексапилната пејачка е дело на режисерот Георги Марков.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Георги Малев