![]() |
Јунона |
Со својот најнов музички проект „Само“, Јунона го привлече вниманието на своите фанови, кои го оценија со доста високи оценки и позитивни коментари.
Премиерата на музичкиот проект беше вчера во официјалниот канал на телевизија “Планета” во YouTube – PlanetaOfficial и брзо успеа да се издвојува како еден од хитовите музички предлози на оваа сезона, а за неговата подготовка имаше спомнато и самата изведувачка пред неколку месеци во ексклузивното интервју кое ни го даде за прв пат како македонски медиум.
![]() |
Јунона |
„Со композиторот Мартин Биолчев имаме започнато друг попфолк проект, кој се уште е демо и на него го очекувам текстот и се надевам кон крајот на ова лето да успеам да го реализирам и него со видеоспот“.
„Само“ е по музика на Мартин Биолчев, со текст дело на Јордан Геров, додека пак видеоспот го изработи режисерот Људмил Иларионов – Љуси.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ