![]() |
Преслава |
Бугарска попфолк дива Преслава официјално објави дека во продажба ќе го пушти својот најнов музички албум кој го носи насловот „Да гори в любов “, после осум години од излегувањето на последниот албум „Как ти стои“.
Неговата појава ќе биде на 9 ти септември и ќе содржи 11 песни, од кои 6 се добро познати на публиката, а останатите 5 се чисто нови песни. За радост на нејзините многубројни обожователи премиерата на песните веќе започна во нејзиниот официјален YouTube канал – PRESLAVA, од кои првa се појави „Не те забравям“ која се искачи на прво место за најслушна песна за само 24 часа со над 150.000 прегледи и е дело на композиторот Борислав Павлов со текст на Борислав Павлов и Костадин Милев.
Но, вниманието го привлече и баладата „Не идвай“ која исто така собра суперлативи од нејзините обожователи, пред се со неверојатниот текст кој е на Росен Димитров, а за музиката се погрижи композиторот Велислав Драганински, еден од луѓето заслужен за најголемите хитови на Преслава во почетокот на нејзината кариера.
![]() |
Преслава |
Очекувајте ги останатите три песни до броени часови во нејзиниот официјален YouTube канал – PRESLAVA, а дотогаш преслушајте ги овие две прекрасни песни, за кои ги очекуваме вашите коментари.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв