Ексклузивно: Ивана со изненадување за своите обожователи!

 

Ивана

На 31-ви јануари свој роденден прославува една од најпознатите бугарски пејачки, Ивана.

“Големата” дама од малиот град, пред 21 година започна различна претстава за попфолкот и успеа за сите овие години да го запиши своето име со златни букви во историјата на жанрот.Ова е потврдено не само од фактот дека таа е една од најнаградуваните изведувачки во историјата на овој жанр, но и со нејзините концертни настапи, со кои таа блеска цели 20 години и не остави рамнодушен ниту еден обожавател на поп-фолк музиката.
Ивана

Роденденот ќе го прослави со голема забава, како што најави во градот Бургас каде што оваа вечер има свој настап, а сите присутни ќе можат да се насладат на нејзината изведба на живо , како и да ја слушнат најновата песна „Аз съм твоя“.

Вооедно, изненадувањата од неа не завршуваат тука. Таа пред неколку дена објави дека ова година ќе издаде нов албум во mp3 – формат, во кој ќе бидат собрани сите нејзини песни низ годините кои не успеале по некој начин да стигнат до срцата на песната и да станат познати, иако биле вклучени во нејините албуми. Во него сме сигурни дека ќе ја откриете „пејачката на народот“ онаква каква што сите ја знаеме, ширејќи љубов и пријателство низ своите песни, бидејќи музиката нема граници!

Тимот на Estrada World и го честита роденденот со желби за се најубаво и уште поголеми успеси.

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *