Роксана која работи со полна пареа и покрај многубројните настапи ова лето, успеа да сними дует со својот најмал син Сашко.
Песната носи наслов „Бейби Шат” и е со забавен ритам, претставена со емотивно видео во кое ќе осетите колку е силна мајчината љубов.
„Драги пријатели ви претставувам една песна која ме тера да се чуствувам поразлично од сите мои песни испеани од мене до овој момент. Сакам со неа да ги поздравам сите деца во светот и нивните родители!“ – изјави Роксана.
Песната која се радува на огромен интерес е по музика и аранжман на Даниел Димитров, а текстот е на самата изведувачка. За видеото се погрижиja режисерката Радина Миленчева и камерманот Добромир Николов.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Роксана
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон