![]() |
Джена |
Песната „Вижте го, жени“ на познатата бугарска пејачка Дженасамо со премиерата на 29-ти октомври успеа да го привлече вниманието на публиката, бидејќи брзата мелодија и силниот текст се тајната формула за успех на изведувачката низ сите нејзините години на музичката сцена.
Текстот на „Вижте го, жени“ е дело на Анастасија Мавродиева, додека автор на парчето е Велислав Драганински. Видеоспотот е снимен од страна на режисерот Виктор Антонов, со кој Джена работи во последно време во UFO Film and Television Studios во Долна Малина, Бугарија.
![]() |
Джена |
Специјална улога во песната има и сопругот на Джена, Атанас Стоев кој повторно ги воодушеви обожователите со својата виртуозност на ударните инструменти – неговата најголема страст во работата.
![]() |
Атанас Стоев |
Парчето се врти веќе по Планета Тв и Планета HD, а своја премиера ја имаше и пред публиката во Софија каде што пејачката имаше свој настап минатата вечер, а оваа вечер ќе имаат можност да ја слушнат на живо жителите на Стара Загора.
![]() |
Джена |
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Викторија Сиракова