![]() |
Камелија |
Сексапилна, провокативна, секогаш насмеана, смела и многу позитивна – тоа е Камелија, попфолк дивата која грее на сцената уште од 90-тите години на минатиот век. Камелија си е Камелија! За неа годините се само бројка. Времето запрело, а таа знае што е класа и стил, а пред еден месец ја промовираше својата најнова песна „Хотел на греха“ (Хотел на гревот).
Песната е дело на српскиот композитор Бане Опачиќ, со аранжман на DIAMOND BEAT PRODUCTION, додека пак за текстот се погрижи Костадин Милев во соработка со самата пејачка. Видеоспотот е дело на Валери Милев.
![]() |
Камелија |
„Оваа песна ја подготвував долго време, како и претходната „Името ти“. Едно разбрав за себе си, а тоа е дека одредена песна ќе стани хит тогаш кога повеќе пати ќе ја преслушам и ќе ја презапишам. Дури денот кога го снимавме спотот, направив нов рефрен, а неколку дена покасно запишав и нов текст.“ – сподели таа во емисијата „Преди обред“.
![]() |
Камелија – „Хотел на греха“ |
Во меѓувреме таа замина на турнеја по трет пат во Северна Америка, каде што им гостуваше на бугарите и македонците во Чикаго, Атланта, Торонто, Сиетел, Сан Франциско, Лас Вегас, полнејќи ги клубовите и рестораните, повторно докажувајќи дека за добрата музика не постојат граници. После турнејата, таа во месец ноември по трет пат ќе биди член на жирито во „Гласот на Бугарија“.
![]() |
Камелија – Американска турнеја 2019 година |
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива