(Видео) Саша Ковачевиќ ги освои музичките топ листи со песната „Radi me lagano“

 

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, важи за еден од најпознатите поп пејачи во соседна Србија. На македонската публика добро и е познат и по тоа што има одржано два големи незаборавни концерти во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, изведувајќи ги своите хитови песни кои оставија длабока трага во музичката историја, а секое лето гостува и низ македонските клубови.

Откако ја започна годината со баладата „Lazu te ljubavi“, тој пред неколку дена ја претстави песната „Radi me lagano“, која освојува со својот звук, текст и видео со жешки сцени во кој главната улога ја има Саша. Како автори на музичкото парче кое него повторно го искачи на врвот, не само во соседна Србија, но и кај нас, а песната се врти по сите радиостаници е дело на браќата Ковачевиќ и Драган Брајовиќ – Браја, а видеоспот го потпишуваат Toxic Entertainment & SK Media.

Во прилог, погледнете за што станува збор:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Саша Ковачевиќ

©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *