Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, важи за еден од најпознатите поп пејачи во соседна Србија. На македонската публика добро и е познат и по тоа што има одржано два големи незаборавни концерти во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, изведувајќи ги своите хитови песни кои оставија длабока трага во музичката историја.
Неговото име за прв пат го слушнавме пред 17 години со баладата „Jedina si vredela“, која е хит и денес, а денес толку години покасно важи за изведувач со најдобри песни и неповторливи спотови, кои се вистинска филмска продукција.
Тој пред неколку дена ја објави баладата „Lazu te ljubavi“, со која ги освои срцата на публиката и се искачи на врвот на најслушани песни во регионот, вклучувајќи и кај нас е број 1 моментално во трендинг на YouTube со над 1.000. 700 прегледи.Таа е дело на браќата Саша и Раде Ковачевиќ, со текст на Драган Брајовиќ Браја.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Интернет