Во моментов Теа Таировиќ важи за еден од најбараните изведувачи во соседна Србија и низ целиот Балкан и за прв пат во својата солистичка кариера ќе одржи концерт во Скопје. Местото на настанот е закажан во Арена „Јане Сандански“ на 16-ти декември.
Овој концерт е уште еден доказ за нејзината популарност, после феноменалниот концерт на стадионот „Ташмајдан“ во Белград ова лето и сите оние кои ќе присуствуваат ги очекува неверојатна емоција и забава, а пејачката со сигурност ќе се погрижи за таа атсмосфера, а сведоци сме дека нејзиниот нов албум ги руши сите рекорди на слушаност.
Таа пред неколку дена одржа прес -конференција во Скопје на која присуствуваа новинари и од соседна Србија изјавувајќи:
„Можам да кажам дека сум емотивно врзана за Македонија, затоа што сум тука секогаш одлично дочекана. Знаете ли како во Македонија секогаш ме дочекуваат? Како да сум им роднина. Тоа навистина се гледа и се чувствува. Моите почетоци, првите настапи под името Теа Таировиќ беа меѓу другото и во Македонија. Конкретно, првиот настап го имав во Охрид, и навистина се сеќавам на многу детали од тој концерт“.
На прашање од новинарите какво изненадување подготвува за македонската публика, таа откри дека ќе испее една песна на нашиот легендарен пејач Тоше Проески, но и дека за прв пат на сцената заедно со Војаж ќе го изведат дуетот „Балерина“. Исто така, поради актуелните случувања во светот, таа одлучи да го промени текстот на нејзината песна „Изрaел и Палестина“ во „Шпанија и Аргентина“ вклучена во нејзиниот Балерина Микс, а воедно предновогодишно изненадување за нејзините фанови е и новиот нејзин хит „100%“.
Потсетуваме дека Теа овој месец има закажани солистички концерти во Сарево и Скопје, а за Нова Година гостува во Загреб, додека пак втората вечер за Нова Година е во Белград.