![]() |
Теди Александрова и Емрах Стораро |
Емрах Стораро и Теди Александрова по повод 30-тиот роденден на нивната матична продукциска куќа „Пајнер“ изненадија со својот прв дует, кој е чиста десетка и ги освои симпатиите на слушателите на попфолк музиката.
Младиот пејач повторно заложува на дует, откако ги пушти хитовите минатата година со неговите колешки Малката, Алисија и дуетот со неговиот татко Тони Стораро. Потсетуваме дека тој на музичката сцена се појави 2018-та година со дуетот со неговата колешка Емилија – „По такива си падам“ (По такви си паѓам), но иако е малолетен се уште истиот е на подвик на завидна музичка кариера.
![]() |
Емрах Стораро и Теди Александрова |
Песната „Сърце мое” (Срце мое) е дело на двата изведувачи заедно со композиторот Даниел Ганев, додека пак текстот е на Теди во соработка со писателката Соња Ангелова. Режисер на видеото е Николај Скерлев.