15 дена после премиерата на хитот кој ја „крена“ на нозе цела Бугарија – песната “Акула” на пејачката со ангелски глас – Емилија и Денис Теофиков, своја премиера направи и вториот дел од мега проектот , имено музичкото парче “Тръгвай си”.
Оваа песна е продолжение на претходниот дует, кој повторно предизвика голем интерес кај публиката, пред се поради незаменливата мелодија, емоционалниот текст, но и видеото кое е еден вид на мини-серија. Очигледно е дека формулата за успехот е трудот, упорноста и љубовта кон она што го правиш. Тимот кој е заслужен за успесите на двата дуети е Diamond Beat Production, кој ја изработи музиката и аранжманот на песните, потоа Анастасија Мавродиева која го напиша емоционалниот текст во кој ќе се пронајдат многу вљубени парови, а режисерот Виктор Антонов, со камерманот Радослав Гочев ја носи титулата за најдобар спот направен во соседна Бугарија.
Во прилог, погледнете за што станува збор:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв