![]() |
Александра Пријовиќ |
Александра Пријовиќ која доби улога во четвртата сезона од серијата „Ubice mog oca”, a сношти (1-ви март) беше премиерно во Србија прикажана првата епизода, ја пее насловата песна на филмот која носи наслов „Duguješ mi dva života“.
Песната предизвика лавина од коментари и има над 2.000.000 прегледи за само два дена и истата е дело на Драган Брајовиќ – Браја, со аранжман на Атеље Траг. Видеото е дело на Film danas d.o.o и во него се прикажани дел од кадрите од серијата.
Каква улога доби Александра во ова серија и како се снајде во улога на актерка останува да видиме. Дотогаш преслушајте го нејзиниот нов хит:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива