![]() |
Емилија |
Бугарската пејачка Емилија откако пред еден месец ја претстави новата верзија на познатиот хит на Тони Стораро кон песната „Отиваш си“, одлучија на обожователите да им подарат и видео кон песната.
Режисер на видеото е Николај Скерлев, а потсетуваме дека песната е по музика на Михаил Бургуджиев, со текст на Живко Колев. Овој пат за нејзиниот аранжман се погрижи композиторот Даниел Ганев. Видеоспотот е качен во официјалниот канал на Емилија во YouTube, а исто така можете да го гледате по телевизија Планета.
![]() |
„Отиваш си “ – Емилија и Тони Стораро
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ
|