![]() |
Татјана |
Татјана е една од најсексапилните бугарски пејачки, која македонската публика ја има освоено уште во далечната 2003 година.
После шестмесечното отсуство од клубната сцена, таа се враќа на музичката сцена посилна и помотивирана од секогаш. Таа пред неколку дена сними и видеоспот кон чисто нова песна, која се очекува да излезе наскоро, а за најнестрпливи ви претставуваме екслузивен кадар од снимањето.
![]() |
Татјана |
„Работам доста и со многу други автори, од кои некои се веќе чисто нови за мене, а некои се едни од најдобрите во Бугарија и не сакам да грешам бидејќи немам право на грешки после песната „Записано е в сърцето ми“ и ќе се потрудам и овој пат навистина да ги изненадам обожователите, со нешто убаво, како со последната песна“ – сподели за нас таа, во интервјуто кое ни го даде пред неколку месеци.
„Во моментов доста ми е тешко да кажам како се врши изборот на песни, затоа што низ последните години работам доста многу повеќе за разлика од порано и кога веќе имаш доста добри песни, песни кои се памтат и изборот за нов проект ми е потежок за да изберам идна песна. Не е лесно, затоа што определено немам право на грешки, но пак од друга страна се радувам дека имаме во Бугарија интересни композитори со интересни предлози и се радувам кога ќе најдам композитор кој ќе може сама мене да ме „пронајди“ како изведувач и песната која треба да изберам треба да ја осетам лично јас, да ја почуствувам за да ја предложам на луѓето“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ