![]() |
Цветелина Јанева |
Вчера на 5-ти октомври, јубилеен 30-ти роденден прослави една од најуспешните бугарски пејачки Цветелина Јанева. Големата прослава се одржа во Софија, на која присуствуваа нејзиното семејство, пријатели и неколку колеги.
“2019-та е една от најсилните мои години!“– сподели пред камерата на телевизија “Планета“ таа. „Мојот нов 4-ти самостоен албум е веќе готов, но нема да го пуштам сега затоа што сакам во него да вклучам и нешто ново и ќе излези во првите месеци на 2020 година“.
Имено, оваа година талентираната пејачка пушти два големи хитови кои ја обележаа годината , а тоа се “Болка моя“ и дуетот со Фики – “Не ме оставяй“.Ексклузивно ви откриваме дека во месец ноември ќе биде презентиран нејзиниот најнов видеоспот, која песна и премиерно ќе биде изведена на големата сцена во сала „Колодрума“ во Пловдив на 3-ти декември по случај 18 години телевизија „Планета“.
Тимот на #EstradaWorld и го честита роденденот со желби за се најубаво и уште поголеми успеси на секое поле во животот!
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ