![]() |
Татјана |
После шестмесечното отсуство од клубната сцена, бугарската пејачка Татјана се врати на музичката сцена посилна и помотивирана од секогаш претставувајќи го новиот видеоспот кон песната „Кой си“.
Само за неколку дена песната регистрира 180.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial, собирајќи суперлативи од нејзините обожователи за одличниот музички избор.
![]() |
Татјана |
Песната е дело на композиторот Дејан Асенов, со текст лично напишан од Татјана, реализиран во одличен спот дело на Николај Скерлев. Спотот е снимен во вилата „Чинка“ и хотелот „Приморски“ во Бугарија.
„Во овој тежок момент за сите би ве посетувала да останете дома и да слушате убава музика. Се надевам дека наскоро се ќе заврши и ќе бидеме повторно заедно. Благодарам на сите кои учествуваа во создавањето на овој проект. Среќна што после паузата која ја направив, моите продуценти Марија и Митко Димитрови, музичката компанија „Пајнер“ и телевизија „Планета“ се зад мојот грб и ме поткрепуваат со полна сила!“ – изјави Татјана.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ