![]() |
Борис Дали |
Без сомневање, Борис Дали е еден од бугарските изведувачи кои со своите песни ги освои срцата на публиката пред 15 години, градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван од страна на негови колеги, но и од публиката. Самиот тој признава дека одамна ја избрал музиката за своја професија и верува дека со време ќе успее да ги реализира сите свои цели.
По тој повод тој ја претстави својата најнова песна која жнее рекордни успеси на гледаност по социјалните мрежи, а го носи насловот „Лошите момчета“. Она што е интересно овој пат е што видеоспотот е снимен во Америка во Чикаго од страна на режисерот Људмил Иларионов – Љуси, со камерман Иван Иванов.
![]() |
Борис Дали |
„Од мали нозе ја сакам музиката, таа ми е едноставно во крвта. Татко ми се занимава со музика и создава песни, од таму можеби ја наследив љубовта кон неа, едноставно многу ја сакам и ме исполнува. Сега ќе ви раскажам нешто од моето детство. Еднаш кога бев многу мал скришно излегов од дома, моите насекаде ме барале, а јас сум заминал во еден ресторант каде што имало жива музика за да ја слушам хаха. Потоа започнав да свирам на хармоника и да пеам и си ја започнав мојата кариера“ – сподели тој за нас.
Неговите обожователи се категорични дека оваа песна е во неговиот стил по кој е препознатлив, како песните „Пръскам хонорари“ и „ Няма да съм твой“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ