Глорија со тројно изненадување по повод претстојните празници

Новогодишните и Божиќните празници се периодот кога попфолк дивата Глорија ни ги подарува најубавите музички поклони, со кои ни ги прави празниците уште поубави сите овие години.

Изненадувањето започна со премиерата на песната „Вълк” (Волк), во која се вклучува грчкиот пејач Sakis Coucos, кој е добро познат и на македонската публика, а, потоа премиера направи live-видеото на песента „Най-добрите“  (Најдобрите) посветена на нејзините фанови кои и се неизмерна подршка сите овие години. За  крај беше претставена новата верзија на песната  „Скъпи, купи ми нещо”, (Мили купи ми нешто) во која се вклучува Устата, вклучена во албумот „Любовта настоява” (Љубовта инсистира) издаден 2019-та година, а всушност е ремикс на нејзин златен хит од деведесетите години.

Глорија најави и  голем јубилен солистички концерт во салата 1 во НДК во Софија на 28-ми јуни, а картите уште од ова лето се пуштени во продажба. Таа е пејачка – емблема во Бугарија која успеава да ја собере публиката на едно место во големи концертни сали и истата да пее во еден глас со неа, затоа што нејзината музика ја слушат сите поколенија.

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *