![]() |
Ивана |
Долгоочекуваниот нов видеоспот на пејачката Ивана „В твоя чест” од вчера е факт во официјалниот канал на пејачката во YouTube, а од денес ќе може да го гледате и по телевизија Планета.
Композицијата е дело на композиторот Дејан Костиќ, со аранжман на Пламен Станчев, додека пак за текстот се погрижи Мариета Ангелова. Видеото го изработи Николај Скерлев, а Ивана е автор на оригиналното сценарио кое ги воодушеви обожователите.
![]() |
Видео: „В твоя чест” |
„Многу е различна, динамична и многу весела. „В твоя чест” е песна за луѓето кои никако не се даваме“ – изјави таа.
Во прилог, погледнете ја песната која со сигурност ќе ве освои и Вас.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ