Еден од најголемите хитови на пејачката Роксана, доби и своја српска верзија како што најавивме претходно. Овој пат песната е во дует со нејзиниот колега Вања Лакатош од Србија и беше претставена под името „Казна“. Песната може да ја гледате и по телевизија Планета, но исто така Роксана и Вања ја претставија на големата сцена на Гранд Парада во програматана Гранд телевизија, за што добија многубројни позитивни коментари.
„Ова е еден од оние моменти кога не знаеш како да реагираш, дали да плачеш или да се смееш, али од среќа. Така се чуствував јас пред десет години кога г-дин Слави Трифунов го извика моето име Антоанета Антолиева Линкова, а јас застанав до него и тој го оцрни мојот талент. Така се чуствував на својот концeрт во Турција и кога телевизија Планета ме претстави како свој изведувач на големиот конецерт по повод 10-тиот роденден на нашата медија. Благодарам на Гранд телевизија за доброто добредојде, за мене беше чест и задоволство“ – изјави Роксана за нас, веднаш по слегувањето од големата сцена на Гранд.
Потсетуваме дека песната „Спомени“ е авторско дело на Роксана, со аранжман на композиторот Мартион Биолчев. За српската верзија овој пат за текстот е заслужен Стеван Симеуновиќ, додека пак за видеото е Јордан Петков, а во прилог, слушнете ја песната која до овој момент брои повеќе од еден милион прегледи.