Джена и нејзиниот сопруг Атанас Стоев – млади дефинитивно ќе ги памтат засекогаш овие велигденските празници, затоа што на свет се појави нивната ќерка која го носи името Цветеја.
На ден 20-ти април точно во 09 часот и 05 минути во болницата „Надежда“ во Софија, пејачката стана мајка за втор пат и нивното семејство се зголеми за уште еден член, а парот пред 5 години го доби нивниот син Атанас III кој со нетрпение ја очекуваше својата сестричка.
Радосната вест прва ја соопшти попфолк дивата на нејзините профили во социјалните мрежи, а екслузивно за телевизија Планета изјави:
„Големи благодарности од мене и мојот сопруг на д-р Павлина Арабаджикова и целиот тим на болницата „Надежда” за грижите и односот кон нас и малата ни ќерка. Таа се роди во овие празнични денови и сосема природно си дојде името Цветеја. И посакуваме да е здрава и многу, многу да не радува“.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Джена
©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.