![]() |
Саша Ковачевиќ – фото: https://www.kurir.rs/ |
Саша Ковачевиќ во петокот (24-ти април), одржа незаборавен концерт со својот бенд пред зградата на Собранието во Белград, Србија.
Овој музички настап е дел од кампањата „Белград победува“, а која за Велигден прв имаше чест да ја отвори пејачот Жељко Јоксимовиќ. Имено, шармантниот пејач ги изведе своите балади, но исполни и неколку странски песни, сѐ со цел да ги развесели своите сограѓани во овие тешки мигови предизвикани поради пандемијата, но вооедно и да упати благодарност кон сите медицински лица кои даваат се од себе си во борбата со коронавирусот. Настапот започна со неговиот хит „Како после нас“, а заврши со „Живим да те волим“, оставајќи ги сите оние кои го следеја онлајн воодушевени од силниот вокал и неговиот талент.
„Драги мои, моја желба е на сите кои ќе нè гледаат и слушаат мене и мојот драг бенд за време на полицискиот час, да им ги растерам мрачните мисли и преку музиката да ги споделам со вас најубавите чувства. Сакам да пееме заедно и гласно за здравствените работници со цел што побрзо да стигнат подобри и безгрижни денови со повеќе поводи за дружење“ – напиша Ковачевиќ.
Погледнете го целосниот концерт:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Kurir.rs