(Видео) Анелија и Палома изненадија со својот прв дует

 

Анелија ги освојува летните музички листи со новиот дует „Влез, влез“ кој е снимен со младата изведувачка Палома.

Имено, Палома е позната на публиката како една од актуелните бугарски модели и популарно лице во социјалната мрежа Инстаграм, но со овој дует прави и смел чекор кон музиката. Од друга страна Анелија, важи за една од најпознатите пејачки во Бугарија, со свои редица вечни хитови, а секогаш им подавала рака на младите таленти, а после хитот “Котка“, ова и е вториот хит за оваа година за кој сме сигурни дека ќе ве освои и вас.

Песната е дело на композиторот Даниел Ганев, додека пак текстот е на Анастасија Мавродиева. Овој пат за видеото се погрижи режисерот Виктор Антонов, со камерман Радослав Гочев, а во прилог погледнете ја:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *