Нур Џихан ги освои срцата со вториот сингл „Страв ми е срце “

Нур Џихан е најновото музичко пополнување во музичките редови  на Grand Music Studio, компанијата на бизнисменот Алекси Маринов во соседна Бугарија.

Имено Нур Џихан во текот на месец април оваа година ја претстави својата прва песна под наслов „Уличница“, која доживеа голем успех и тоа ја потикна да претстави и друга песна оваа година, зацврстувајќи го своето име во музиката.

Станува збор за проект  под наслов „Страх ме е, сърце“ ( Страв ми е срце“) кој е по музика и аранжман  на Јоана Буилекова и Питер Рајнов (SpaceSound), додека пак за текстот овој пат се погрижи добро познатата писателка Петја Радева, која ги има напишано едни од најголемите хитови на познатите музички изведувачи во Бугарија. Видеото го изработи Радина Миленчева со камерман Добромир Николов, а песната покрај во официјалниот канал на компанијата Grand Music Studio во Јутуб, може да ја гледате и слушате и по сите канали на добро познатата телевизија Планета и радиостаници во Бугарија.

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Иван Стефанов
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *