Преслава најави голем јубилен солистички концерт во салата „Арена Софија“ во Софија, Бугарија на 16-tи ноември, а картите се пуштени во продажба во мрежата на Eventim.
Овој нејзин прв голем концерт долгоочекуван од нејзiните најверни обожователи е уште еден доказ за нејзината популарност, после успешните 20 години на музичката сцена и сите оние кои ќе присуствуваат ги очекува неверојатна емоција и забава заедно со Константин, Софи Маринова, Ивелина Колева, а пејачката со сигурност ќе се погрижи за таа атсмосфера, а сведоци сме дека последната нејзина песна „Улицата“ ги руши рекордите на слушаност.
„Овој специјален момент сакам да го прославам со сите вас кои сте до мене сите овие години и сте ги слушале моите песни и ве поканувам да се приклучите кон магичната вечер, полна со музика,емоции и изненадувања!“ – изјави Преслава, дополнувајќи дека на сцената ќе ја придружува Дани Милев Бенд.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон